Буџетскиот дефицит речиси 100 млн. евра

Bez autora
Jul 25 2010

И во јуни потфрлија вкупните приходи во буџетот и тоа за 2,4 отсто, а само даночните приходи за 1,2 отсто, во однос на проекциите. Најмала реализација има кај данокот на добивка, што покажува дека фирмите не се во толку добра состојба како што очекува или посакува власта. Според вчера објавените податоци на веб-страницата на Министерството за финансии, Владата во јуни собрала 171,6 милиони евра, а потрошила 178,2 милиони евра, што значи дека само во шестиот месец од годинава имало дефицит од 6,5 милиони евра. Но, ако се смета за првите шест месеци од годинава, буџетскиот дефицит веќе достигна 98 милиони евра, а за цела година тој треба да изнесува 170 милиони евра, или 2,5 отсто од БДП. „Фискалните резултати во јуни покажуваат извесно подобрување како на приходната, така и на расходната страна. Реализацијата на вкупните даночни приходи е 98,8 отсто, додека вкупните приходи се реализирани 97,6 отсто, што значи дека разликата меѓу проектираните и остварените е ниска и изнесува 1,2 отсто кај даночните, односно 2,4 отсто на вкупните приходи.

Буџетскиот дефицит речиси 100 млн. евраИ во јуни потфрлија вкупните приходи во буџетот и тоа за 2,4 отсто, а само даночните приходи за 1,2 отсто, во однос на проекциите.

Најмала реализација има кај данокот на добивка, што покажува дека фирмите не се во толку добра состојба како што очекува или посакува власта.

Според вчера објавените податоци на веб-страницата на Министерството за финансии, Владата во јуни собрала 171,6 милиони евра, а потрошила 178,2 милиони евра, што значи дека само во шестиот месец од годинава имало дефицит од 6,5 милиони евра. Но, ако се смета за првите шест месеци од годинава, буџетскиот дефицит веќе достигна 98 милиони евра, а за цела година тој треба да изнесува 170 милиони евра, или 2,5 отсто од БДП.

„Фискалните резултати во јуни покажуваат извесно подобрување како на приходната, така и на расходната страна. Реализацијата на вкупните даночни приходи е 98,8 отсто, додека вкупните приходи се реализирани 97,6 отсто, што значи дека разликата меѓу проектираните и остварените е ниска и изнесува 1,2 отсто кај даночните, односно 2,4 отсто на вкупните приходи. Исто така, значајно е да се спомне дека буџетскиот дефицит во јуни е преполовен на 403 милиони денари, со што тој се движи според однапред утврдени проекции, со кои до крајот на годината треба да изнесува 2,5 отсто од БДП“, велат од Министерството за финансии.

Сепак, овие податоци се пред кратењето на буџетските приходи и расходи, односно пред да се усвои ребалансот на буџетот, со кои тие се скратени за 3,2 отсто, со кои, сепак, не се скрати и буџетскиот дефицит што треба да изнесува вкупно 170 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik